Македонската премиера на „Преекспонирано“ на Венинова вечерва во кино Фросина, од утре игра во Синеплекс и Милениум

„Преекспонирано“, првиот игран филм на Елеонора Венинова, ќе ја има својата македонска премиера вечерва во кино Фросина, а од утре ќе биде на редовниот репертоар на скопските кина Синеплекс и Милениум. Ова следува пет месеци по неговата светска премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро.

Азиската премиера беше на фестивалот во Пуне (Индија) во февруари, а следниот фестивалски настап ќе го има на КинЕст фест во Катанија, Италија.

Венинова е режисерка и сценаристка на филмот во кој улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката ја напиша Линдзи Рајт, сценографијата е на Срѓан Митровиќ, монтажата на Гоце Кралевски, а костимите на Жаклина Крстевска. Продуцент е Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), а копродуцентка Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за филм, Српски филмски центар и Еуримаж.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста