Експерти за Алфа: Македонското образование го допре дното

Македонското образование е на дното по сите можни параметри. Ситуацијата е толку лоша што ќе бидат потребни години и децении за нешто конкретно да се промени. Ова е ставот на социологот Илија Ацевски и на аналитичарот Рубин Земон кои гостуваа во емисијата „ЗА или ПРОТИВ“. Тие велат дека јавноста мора да ја знае причината за ова – погрешните политики и лошата поставеност на системот.

Жално е што мора да кажеме дека сега имаме тотално урнисан систем во образованието, алармираат професорите Ацевски и Земон. Велат дека државата мора да направи длабинска анализа, па да се одлучува за укинување на предметите историја, географија итн, вели Земон. Но сепак, тоа да го оставиме на историчарите. Мене искрено многу ме загрижува тоа што цела година нема учебници. Тоа е лошо за учениците, додава Земон за Алфа.

Кој си поигрува со образованиот систем во Македонија, прашање на кое треба да се даде одговор, велат надлежните.

  • Квалитетот на овразованието е спуштено на многу ниско ниво. Јавноста мора да ги знае причините за тоа. Како да нема една маса која ќе повлече промени, тие се многу важни за сите нас. Пред неколку години земјава имаше одлични ученици и студенти, а сега тоа нее баш така, вели социологот Илија Ацевски во емисијата „ЗА или ПРОТИВ“.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста