Лицата со хеникеп на протест со шатори пред Владата, бараат зголемување на нивните социјални примања

Како што можевте да си ги зголемите платите за 78 проценти, сега зголемете ги и нашите примања – лицата со хендикеп во знак на револт денеска поставија шатори пред Владата каде ќе кампуваат неколку дена, се додека власта не ги сослуша нивните проблеми и исполни дел од барања за подостоинствен живот.

Како што фукнционерите си ги зголемија платите за 78%, за толку да се зголемат и нашите примања. Луѓето со инвалидитет, кои сега земаат 8.500 денари социјален додадот, бараат повеќе пари за пристојни услови за живот. Во знак на револт, поставија шатори пред Владата, зашто, како што велат, оставени се на цедило и никако да им се чује гласот. Бараат државата да им овозможи пристоен живот, а не само да се фалат дека нешто се работи. Револтирани се од владините функционери кои енормно си ги зголемија платите, а овие луѓе не добија ни денар, и затоа, велат бараат правда.

  • Почитувани, домашни и странски одредувачи на судбината на нас, на лицата со попреченост, можеби тематиката за одржувањето на кампот и протестот е малку страшна, ама е безмилосно вистинита, реална, бидејќи спокојството што ни преостанува од судбинскиот плач во секојдневниот оскуден живот што капе капка по капка Вие, гореспомнатите 78% ни сосредочивте само 14,9% кои што ни ги дефиниравте и ни ги давате како богатство во сиромаштијата, што кажува само по себе дека за сите Вас е многу повеќе важен ситниот егоистички од нашиот колективен многуилјаден живот, за, како што Вие велите: и по цена на Вашата најголема саможртва, се трудите, се снаоѓате и што уште не, само да ги удоволите нашите барања, нели? И ние, кутрите лица со попреченост сега и веднаш треба да Ве поимиме Вас како совршено магионичарски, велат тие.

Како што потсетува оваа категорија луѓе, Македонија ја има ратификувана Конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ОН во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост. Но тоа, велат, кај нас изостанува.

  • „Знаете, постои еден современ израз: виртуелна стварност. Нам, на лицата со попреченост, тоа ни звучи одбојно, лажно и без чувства, без емоции и на таа Ваша стварност и фали барем малку нежна болка која што секојдневно ние ја чувствуваме, за Вас господа нашата приказна е минорна и за неа нема место во Вашите агенди, во Вашите 78%, во Вашите спортски канцеларии, во Вашите закони со европско знаменце, но, нека Ви служи на чест, драги наши одредувачи на нашите судбини и како што се се менува и се поминува, ќе помине и ова, ама…“, додаваат тие.

Од Коалицијата „Менуваме“, револтирани од неодговорноста на власта и инстиуциите, најавија дека од 5 до 7 јуни со шатори ќе кампуваат пред зградата на Владата, а својот револт ќе го искажат и со голем протест од 12 часот на 7 јуни.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста