Викендов “ОХРИД ОПЕН 2022” Меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар со највисоки стандарди

На 25.06 2022 оваа сабота што доаѓа, во спортската сала Билјанини извори Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид организира Меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2022 “
На натпреварот учество имаат пријавено клубови од 8 земји и тоа Словенија, Хрватска,БиХ, Србија, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.
Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на ИТФ, електронско судење, со можност за видео протест, пренос во живо на јутјуб, задолжен за судискиот систем е г-н Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација.
За сите љубители, влезот ќе биде бесплатен за имаат можност да ги гледаат нашите натпреварувачи и да уживаат во убавините на овој атрактивен спорт. Сите наши подржувачи ќе имаат можност да ги гледаат во живо европските вицешампиони Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив.
И како што е редот да изразиме благодарност до нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” кој и овај пат е најзаслужен за одличната организација, истотака благодарност и до општина Охрид кои ни помагаат се што е во рамките на нивните можности,вели Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на ИТФ Македонија, претсдетаел и тренер на најуспешниот клуб Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста