Двојните аршини на функционерите – за нив покачување веднаш, за државните службеници собраниско толкување

Не за пет, туку за две години покачување на платите во администрацијата – Ова е новото  решение кое Владата ќе го стави на маса пред синдикатите на следниот социјален совет , идниот четврток, два дена по крајниот рок кој го дадоа од УЈП пред да стапат во штрајк . На прашањето зошто фунцкионерите добија покачување веднаш, а вработените во УЈП и Царина треба да чекаат, Битиќи топката ја префрли во Собрание.  Ако Парламентот потврдел дека УЈП и Царина треба да добијат покачување како другите вработени во финансии немал никаков проблем тоа да се гласало на Влада.

Ние понудивме период од 5 години, сега го кратиме на две и пол гоини . Они нека го видат предлогот ,  и тоа се делови од новиот предлог . За да нема превирања , ќе ги повикаме медиумите . Ние сме овде да најдеме системско решение, сите вработени да знаат на што сме . Тој модел ќе осигура покачување , рече Битиќи.

Дали граѓаните ќе останат без плата, буџетот без даноци, а граничните премини со спуштени рампи ? Министерот за финансии не бил официјално известен дека се подготвува штрајк во царина и УЈП,  тој тврди дека и да имало штрајк ќе имало плати за граѓаните, а границите ќе биле отворени .  Тој како и Премиерот смета дека требало да има ветинг за сите вработени во јавната администрација.

Нема ништо официјално во документи како најави што беа пренесени. Има закон за регулирање на правата како се дефинира процедурата за штрајк. Во однос на исплата на плата и во однос на гранични премини, тоа не може да се случи. Мислам дека тука не е ниту намерата на УЈП, на вработените, ниту на царинските службеници да затворат гранични премини или да не исплатат плати. Нема официјално за тоа. Има закон за штрајк како се регулира. Во Законот точно се регулира дека синдикатите заедно со работодавачите утврдуваат начин како тоа ќе излезе. И тука мора да сме стриктни сите, во однос на почитување на законите, и во однос на почитувањето на правата, истакна Бесими.

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата не мрда од мртва точка повеќе од една година. Методологијата која досега им се нудеше на вработените во јавниот сектор беше покачување на платите за 100 евра од 2028 година .  

Вработените во УЈП и во Царина бараат да им биде исплатен додатокот на плата од 30 отсо кој велат дека никогаш не го добиле.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста