Слика од терен на гробиштата во Бутел: Отпад насекаде, обраснати гробови, кучиња скитници

Кога одите на погреб или помен на градските гробишта Бутел речиси е невозможно да начекате чисти и средени гробни места. Сликата најчесто грда, ѓубре и смет насекаде, обраснати гробови, кучиња скитници. Од Бутел не беа расположени за изјава во камера за Алфа. Се правдаат дека редовно одржувале чистота, но имале и недовол број на чистачи со оглед на огромната површина на гробиштата.

Купишта ѓубре расфрлано на сите страни, обраснати гробови, но и улични кучиња кои бараат храна од некој што оставил за душа. Ваква е сликата на централните гробишта во Бутел. Влезовите на православните гробишта се чисти, но во дел од парцелите сликата е поинаква. Гробовите се покриени со лисја, а ѓубрето во кантите за отпадоци е растурено и надвор од нив. Некаде има и градежен шут. Дека гробиштата се дават во ѓубре потврдуваат и околните жители, кои продаваат цвеќе на влезот од гробиштата.

  • Цело време има кучиња, секаде ги има, тоа е тоа. Ни чистат, ни ништо, само за пари земање се, а не дека некој чисти и сака да се средено се, и самите гледате дека тоа нее баш така, велат граѓаните пред камерата на Алфа.

Од претпријатието преку писмен допис велат дека редовно се одржувала чистотата на гробиштата.

  • Постојано има чистење и собирање смет, косење трева, кастрење гранки и слично. Низ повеќе локации на градските гробишта Бутел, Камник и Ѓорче Петров се поставени нови контејнери за собирање смет. Бутел АД располага и со две специјални возила – ѓубретарки со кои секојдневно се собира сметот. Се работи за огромна површина, која етапно се уредува, велат од таму.

Во однос на кучињата скитници, од претпријатието прстот го вперуваат кон стационарот за кучиња „Лајка“, зашто тие биле надлежни за нивно згрижување.

  • За кучињата верувајте не загрижува и нас. Во неколку наврати апелираме до наделжното Ј.П. „Лајка“, соодветно да постапи по пријавите дека има голем број на кучиња скитници. Ние како управители на градските гробишта сме должни да поденесме пријава, но не можеме да постапуваме на начин кој не е во согласност со Законот односно да ги заловуваме, велат од Бутел А.Д.

Граѓаните велат дека проблемот со нечистотијата не е од сега, туку со тоа се соочуваат повеќе години. Освен комуналното претпријатие, виновни за ваквата состојба се и граѓаните, кои го фрлаат ѓубрето каде ќе стигнат.

Инаку, гробиштата „Бутел“ се простираат на 75 хектари или 75.000 квадратни метри површина, каде што се сместени околу 80.000 гробни места. За одржување на хигиената се грижат околу 30-ина вработени.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста