За смртоносната комбинација Ковид-19 и загадување, надлежните тврдат стратегија имаат, но никој не ја гледа

Отровниот загаден воздух на големо се врати во главниот град. Секоја вечер барем во Аеродром и Лисиче воздухот е смрдеа зачаден и прст пред око не се гледа. Граѓани се обидуваат да ги освестат преку социјални мрежи надлежните, кои тврдат дека мерки има ама ефектите никој не ги гледа. Очите печат чадот што ја труе населбата, се жалат граѓаните. Вака е во Лисиче речиси секоја вечер.

Дека ситуацијата со загадувањето излегува од контрола и претставува огромна опасност врз здравјето на граѓаните, алармираат од „Средношколски глас“.

  • Мора да се преземат мерки во најбрз можен рок и да се спречи овој геноцид, велат од средношколската организација за заштита на животната средина, која го изнесува гласот на средношколците во Македонија.

Ништо подобра ситуацијата не беше ниту денеска. Направивме обиколка околу Скопје, и од загаденост не можеа добро да се видат згадите. 

И ако се суди според досегашните искуства на власта, по се изгледа дека и оваа година не очекува тешка борба со загаденоста, која на голема врата доаѓа во пресрет на зимата.

Опасноста од загадувањето сега е во смртоносна комбинација со пандемијата од Ковид-19. Веќе имаше и предупредување дека ПМ10 честичките ќе го зголемат негативното влијание од вирусот. Заедно со сезонскиот грип, загадувањето на воздухот дополнително ќе ја усложни битката со болеста и целосен крах на и онака, кревкиот здравствени систем.

Надлежните се правдаат дека преземаат мерки, но ефектите од нив ни малку не се видливи.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста