Во последнте 1/8 финални средби од ЛШ вечерва: БАРСЕЛОНА-НАПОЛИ и БАЕРН-ЧЕЛЗИ

Вечерва треба ги сочекаме и последните натпревари од оваа рунда и да ја добиеме последната двојка за вториот елиминациски круг меѓу најквалитетните. За нас особено интересен е двобојот на Барселона и Наполи бидејќи нашиот Елиф Елмас може да се најде во составот на гостите кои на Камп ноу доаѓаат без предност и со резултат 1-1. Тоа е меч од 21 часот, а во исто време тргнува и дуелот во Минхен меѓу Баерн и Челзи во кој нема неизвесност зошто Германците пред пет и пол месеца во Лондон ги прегазија Англичаните со 3-0.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста