Власта се фали со платите, а не зборува за илјадниците откази среде пандемија

Власта се фали дека растат платите во земјава, ама заборави да каже колку луѓе останаа без работа. Стопанството алрмира дека полека ги губи искусните работници, зашто немаат доволно пари да ги исплатат. Тоа што премиерот се пофали дека за четири години просечната плата е зголемена за 5.766 денари, за синдикатите е вештачки напумпана, зашто не било реално остварливо.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека кај нас треба да се мери по таа средна, медијална плата. Велат, нејасно е како во услови на криза, и голем број невработени просекот на платите се качил за дури 10%. Паралелно, велат, голем број работници добиваат и под минималецот, а власта не презема ништо против тоа.

  • Голем број на работници добиваат многу помала плата од онаа ветената, минималната, газдите многу ги злоупотребуваат работниците, а власта, односно државата не презема ништо од тоа за да ги заштини работниците, мислам дека овие цифри и оваа бројка – просечната плата е некако напумпана, а ако земеме да судиме, според наште анализи, онаа медијална (просечна) плата не би надминала 20.000 денари, вели за Алфа Благоја Ралповски од Конфедерација на слободни синдикати.

Стопанството алармира дека моментот за раст на платите сега не е погоден, зашто македонската економија е кршлива, приватниот сектор се бори со недостаток на квалификувана работна сила, со сивата економија, со одржување на ликвидноста, а во состојба на политички превирања.

Но, според Конфедерација на слободни синдикати (КСС) сигурно дека нив ги има многу повеќе, зашто нема евиденција на работници кои работат на црно, а најголем дел од нив остануваат без работа.

  • Најмногу се погодени секторите за угостителство и туризам. Не е 50.000, бројката е поголема зашто во угостителство и туризам има најмногу сива економија. Се оперира со бројка од 70.000 до 80.000 кои останале без работа, вели претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Она што е интересно е дека меѓу оние работници кои имаат најголемо зголемување на платата се вработените во библиотеките, архивите, музеите и останатите културни дејности од дури 21,4%.

Разбирливо, најголем пад на платите има во дејностите кои беа најпогодени од пандемијата. Во туристичкиот сектор се бележи пад на платите од 12,6%. Инаку, Корона кризата го зеде својот данок преку се поголем број отпуштања и нови невработени. Според бројките од синикатот, од 70.000 до 80.000 работници ја изгубиле работата и останале на улица.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста