ВЕСПРЕМ ГО ПОБЕДИ ЗАГРЕБ ВО ЗАДАР НА ПЕНАЛИ (31-29) И ЈА ОСВОИ СЕХА ЛИГАТА

Веспрем го доби Загреб на пенали со 31-29 и тоа по изведувањето седмерци и ја освои СЕХА лигата. Финалето на Финалниот турнир во регионалното машко ракометно натпреварување во Задар која, патем за прв пат во десеттото издание мина без Вардар, донесе изедначен дуел во кој Унгарците испуштија да триумфираат во основното време, па потоа ги вадеше голманот Цупара со две одбрани на пенали. Ова е четврти пехар за Веспрем во СЕХА.