Вердер за прв пат по 38 години ќе испадне од Бундес лигата

Четирикратниот првак на Германија, Вердер Бремен по денешниот пораз од Мајнц со 3-1 е пред испаѓање од елитата. Вердер на едно коло до крајот е претпоследен со два бода помалку од Дизелдорф на 16-тото место, кое носи плејоф за опстанок. Теоријата вели само со победа на Вердер во последното коло против Келн, а пораз на Дизелдорф кај Унион Берлин ќе може да се надеваат за опстанок, кој го нуди плејофот. Во спортивно, Вердер за прв пат по 38 години ќе се пресели во понизок ранг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста