Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди по удар од автомобил

На 27.09.2020 во 18.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Столарска“, пред крстосница со кружен тек со ул.„Филип Втори Македонски“, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(36) од с.Јеловјане, тетовско, удрило во велосипед, управуван од Р.Н.(43) од Битола. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста