Димитриеска – Кочоска: Мерките се популистички и свесно креирани за следниот циклус на локални избори

Во вечерашните вести на ТВ Сител гостуваше членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриевска – Кочоска . Таа истакна дека и овој и претходните пакет мерки од кога почна корона кризата воопшто не биле добро таргетирани ниту пак стопанствениците покажале голем интерес за нив.

– Јас би го поставила прашањето како ние дојдовме до четвртиот пакет на мерки и зошто токму ни требаше 4 пакети на мерки . Да не зборавиме датумот кога беше прогласена вонредната состојба во Македонија беше 18 Март кога министерот за здравство искочи и кажа дека ќе се затворат ресторани кафичи, игротеки меѓутоа паралелно со тоа немаше од министерството за финансии никаков коментар по однос на тоа што тие луѓе кои што треба да ги затворат своите објекти ќе прават. Во тој прв пакет на мерки кои што го понудија речиси две недели по прогласувањето на вонредната состојба имаше една и единствена мерка во тој период која што би го помогнала стопанството директно со субвенционирање а тоа е ако се сеќавате субвенционирањето на придонесите кои што по тие математики беа некаде околу 5.400 по вработен. Во рамки на тоа единствено нешто што беше директно субвенционирање велиме се тие придонеси. Тоа не покажа некој голем интерес кај приватниот сектор и како резултат на тоа дојде вториот пакет на мерки.

Димитриевска – Кочовска потенцираше дека пакетот на мерки воопшто не покажува дека сме социјална држава туку напротив дека владата не се грижи ниту за самохраните мајки ниту за децата кои одат на училиште и дека мерките се популистички и наменети за одредена група на граѓани свесно заради следниот циклус на локални избори.

– Уште една работа сакам да потенцирам тука пред неколку дена министерот за финансии истакна дека по устав ние сме социјална држава . Овој пакет на мерки воопшто не покажува дека ние премногу се грижиме за оние социјално ранливи категории односно делумно правиме шминка . Пак се враќаме на моментот ако сме ние социјална држава што се случува со помошта која што треба да ја добијат оние деца кои што се во училиште и уште еден исто сериозен проблем со самохраните мајки кои што имаат мали деца и кои што ги вратија на работа а притоа децата треба да одат во градинка бидејќи тие немаат никакви услови да можат да повикаат жена дома или слично . Владата покажа дека воопшто не се грижи за социјалните категории туку едноставно прави популистички мерки идат нови избори и целта е нели да се задржиме на одредена група на граѓани кажа Кочоска.

Членот на извршниот комитет Димитиевска – Кочоска кажа дека владата требала да ги послуша сугестиите на опозицијата и понудените мерки за спас на економијата кои се сериозни и издржани меѓу кои и мерки за студенти кои според Кочоска се комплетно заборавени од оваа влада.

– Има една од мерките која што нашиот претседател ја зборуваше некаде пред избори и беше намалување на ДДВ – то за ресторанските услуги од 18 на 10 %. Меѓутоа сега кога зборуваме дали не слушнале ли не не слушнале јас ќе кажам дека многу ми е криво што имавме една прекрасна мерка која што воопшто не ја прифатиле а тоа е да ги субвенционираат партиципациите на студентите за оваа учебна година. Мислам дека овој пат студентите комплетно се заборавени од тој аспект.

Она што го посочи Димитриеска – Кочоска е дека владата не ги крати непродуктивните трошоци и додатно крати кај капиталните расходи кои оваа година заклучно со Август изнесуваат мизерни 39 % или само 126 милиони што според неа дополнително ќе ја однесе економијата во една подлабока криза.

– Ако го погледнете буџетот реализацијата или извршувањето заклучно со Август ќе видите дека доколку би го проектирале на годишна основа ќе фалат некаде околу 300 милиони евра буџетски приходи. Пред се кај оние неданочни буџетски приходи имавме големо потфрлање односно нереално беа планирани. Исто имаме потфрлање нели кај сите даноци и тоа очекувам дека ќе следи до крајот на годината тука нема да имаме некои примени. Во делот на расходите колку и да се крати ако го погледнете извршувањето на буџетот ќе видите дека сето тоа оди на конто на капиталните расходи. Ваквата реализација на расходите нас само ќе не носи во подлабока криза. Секоја една држава во регионот и во светот се труди паралелно со давање на мерки на стопанството и на населението да реализира што е можно повеќе капитални инвестиции. Ние во моментот од таму кратиме и на терет на тоа реализираме други расходи. Речиси да нема промени во оние договорни услуги што значи ние не кратиме од непродуктивните расходи се оди на терет на оние капитални расходи што изнесуваат 39 5 реализација или само 126 милиони посочи Кочоска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста