УЕФА најави ждрепка за петок напладне

УЕФА објави дека ждрепката за заврницата на сеозната во фудбалската ЛШ ќе биде одржана овој петок точно напладне. Сигурни учесници меѓу осумте најдобри се Аталанта, Атлетико М, Лајпциг, ПСЖ, а преостанатите четири патника ќе бидат добиени по реваншите помеѓу: Баерн М – Челзи односно Брселона – Наполи, Манчестер С – Реал М и Јувентус – Лацио. Иако овие мечеви ќе се одиграат дури на почетокот од август сепак тимовите ќе бидат во форма на двојки дел од ждрепката. Овој пат нема да има повластени екипи, што значи дека е можен двобој на клубови од иста змеја. Она што е однапред познато е местото на одигрување на завршните дуели, стадионите Ла Луж и Жозе Алваладе во Лисабон, градот каде на 23.август годинава ќе биде познато името на новиот европски фудбалски владетел.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста