Уапсени тројца скопјани поради дрога

Вчера во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Орце Николов“ го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа во 02:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Благоја Стефковски“ ги лишиле од слобода Е.Б.(32) и Д.Ф.(31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од полицијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста