У21: Познат финалниот распоред на патот кон ЕП 2021

Избраниците на Благоја Милевски на 3 септември во Скопје на почетокот од продолжението на евро-квалификациите ќе го пречекаат апсолутниот фаворит Шпанија, од кого во номври минатата загубија со 3-0. Ова беше и единствениот пораз во досегашните четири одиграни натпревари. По пресметката со Фуријата, следуваат два гостински меча во Фарски Острови на 8 септември и Казахстан на 8 октомври. Четири дена подоцна ќе ја дочекаме Црна Гора, а во ноемврискиот завршен дел е двомеч со Израел. Според новите промени предизвикани од корона-кризата, пред нашите младинци е речиси невозможна мисија за пласман на ЕП 2021. УЕФА ги укина баражите, па така прогрес обезбедуваат сите првопласирани и петте најдобри втори селекции од деветте квалификациски групи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста