Три лица повредени во верижен судир на автопатот Велес – Скопје

Во кома, со скршеници на главата и крварење – ваква е состојбата на една од тројцата повредени по сообраќајката што се случи утрово кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје. Најкритична е состојбата на жената која итно е пренесена на Скопските клиники. Во верижниот судар биле вклучени шест возила . Од тројцата повредени двајца се во велешката болница. И двете лица имаат телесни повреди, кои не се од сериозен карактер.
Според сведоците, автомобил, со кавадаречки регистарски таблички, влетал во задниот дел од камионот а потоа на нив налетале и други возила. Во моментот кога се случила несреќата на Кула имало густа магла.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вели дека одговорноста не е на институциите. Според него, патот во тој дел е рамен и без дупки – вели дека причината била преголема брзина.
Поради увид на местото на настанот сообраќајот на автопатот Велес- Скопје повеќе часови беше во прекин.
Ања Василева