ТФТ и Црн Дрим нови Прволигаши, наредната сезона ќе бори 12 екипи, испаѓање за 4 тима

Кошаркарската федерација на Македонија ги промовираше екипите на ТФТ и Црн Дрим во нови прволигаши, па така наредната сезона наместо 10 ќе брои 12 екипи. Дополнителна инекција возбуда и неизвесност ќе носи битката за опстанок, во која елитниот епитет ќе го изгубат најслабите четири екипи. Тоа значи, само наредната сезона ќе се игра по нов систем, а потоа ќе се врати на стариот со десет екипи. Сезонава не се доигра поради светската пандемија, а МКФ одлучи да нема ниту нов шампион иако МЗТ Скопје имаше блага предност во однос на конкурентите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста