ТЕО ВОЛКОТ ПО 5.457 ДЕНА ПОВТОРНО СТРЕЛАШЕ ВО ДРЕСОТ НА САУТЕМПТОН


Тео Волкот по пауза од речиси 15 години повторно постигна гол за Саутемптон, во клубот каде и дебитираше на свои 16 години. Вчеравечер ја затресе мрежата на Вулверхемптон, но не доволно за победа, Нето се погрижи за реми 1-1. Поминаа точно 5.457 дена од првиот погодок на Волкот во дресот на Саутемптон, каде постигна уште три, а потоа цели 12 години беше дел од Арсенал. Сега е член на Евертон но игра на позајмица за екипата од „Сент Мери“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста