СТЕФАН РИСТОВСКИ СЕ УШТЕ Е ДЕЛ ОД СПОРТИНГ КОЈ НЕ ГО ПУШТА КАКО ПОЗАЈМЕН ВО ОЛИМПИЈАКОС

Само уште неколку денови од јануарскиот преоден рок за фудбалерите, а нашиот заменик капитен и стандарден челн на првата македонска постава Стефан Ристовски никако да го реши статусот. Во моментов во тек се преговори на Спортинг со Олимпијакос, но Португалците инсистираат на 2 и пол милиони евра, а учесникот во 16-тина финалето од Лига Европа го сака Ристовски како позајмен. Ако остане во Лисабон и не игра тоа ќе биде проблем и за него, но и за нашата селекција која на почетокто од летото ја очекува дебитантски настап на Европското првенство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста