Сообраќајка на автопатот Скопје –Тетово, нема жртви

На 05.08.2020 во 21.00 часот било пријавено дека на автопат Скопје –Тетово, Ф.А.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метална ограда. Во незгодата, сопатникот З.Ф.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште двајца сопатници Б.М.(25), И.Ш.(28) од Скопје се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.