Силно невреме во Грција ( Видео)

Силно невреме ја зафати Грција. Обилниот дожд и силниот ветер со над 100 километри на час создадоа проблеми во повеќе делови од земјата.

Најпогодени од невремето беа регионот Епир и островот Крит, а проблеми имаше и во поморскиот и авионскиот сообраќај поради силниот ветер, јави дописничката на МИА од Атина.

Во градот Арта во областа Епир, силниот и обилен дожд предизвика проблеми на патната мрежа.

Во повеќе делови на Грција, бродовите останаа закотвени на пристаништата по забраната за пловење издадена поради силниот ветер, а на Крит, авион што полетал од Атина, откако не можел да слета во градот Ираклио на островот, повторно се вратил во грчката престолнина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста