СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО ДАЛМАЦИЈА И СПЛИТ СО БРАНОВИ ВИСОКИ И ДО ШЕСТ МЕТРИ

Силно невреме ја зафати Хрватска. Налетите на ураганот во централното подрачје на Далмација создадоа бранови на отворено море високи до шест метри, додека крај крајбрежната област беа помеѓу два и четири метри. Регистриран е и неколкучасовен ураган во Сплит. Морето се излеа на брегот во Каштел Гомилица, каде што водата навлезе и во неколку куќи, па интервенираа и пожарникарите . Поради неповолни временски услови, прекинати се неколку траектни линии на Јадранот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста