СИЛЕКС И МАКЕДОНИЈА ЃП ГО ЗАТВОРААТ 11. КОЛО ВО ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Силекс во Кратово во моментов игра со Македонија Ѓорче Петров за да биде затворена 11-тата рунда во домашниот фудбалски шампионат, по што дел одат со репрезенатциите, а дел ќе здивнат. Претходно, вчера, Академија Пандев загуби од Беласица со 2-1, Борец беше убедлив со Пелистер 3-0, Работнички и Шкупи ремизираа 2-2, Шкендија славеше со Ренова 3-1, а Вардар извлече 2-2 кај Струга. Шкендија води со 25 бода, два помалку има Шкупи, а на делба со на третото место со по 19 се Македонија и Борец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста