Серава обоена во црвено, кој и што истурил во скопската река?!

Реката Серава во скопкста населба Злокуќани утрово течеше во крв црвена боја и се ширеше силна миризба. Засега се се сведува само напретпоставки што ја обои реката. Сомнежите се дека се излеала отровна хемикалија. Жителите велат дека најверојатно станува збор за висока концентрација на сол која проѕирната вода ја бои во црвено.

Овде позади мене денеска беше истурена течност која оваа река ја обои во црвено, жителите во паника.

Граѓаните вознемирени, веднаш почнаа да споделуваат фотографии на социјалните медиуми и да ги повикуваат институциите. Се пожалија дека ова не било прв пат и се сомневаат на нивните соседи. Велат пријавуваат, но бадијала.

Вонредна инспекциска контрола по пријавите од граѓаните излезе на терен. Од Државниот Инспекторат за животна средина соопштија:

– Дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош се излезени на терен и вршат вонреден инспекциски надзор при што ќе се констатира фактичката состојба на терен откако во утринските часови од страна на граѓани било пријавено загадување во реката Серава Карпош.

Од Министерството за животна средина додаваат дека повеќе информации по однос на инцидентот ќе споделат по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи. Ги охрабрија граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија кои го нарушуваат здравјето и животната средина.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста