Роднини на настраданите чекаат на ГП Ѓуешево: Немаме доволно информации, не знаеме ништо за блиските

Роднините на загинатите во страотната автобуската несреќа на автопатот Струма, чекаат на граничниот премин Ѓуешево да одат во Софија и да ја проверат нивната состојба, објавија бугарските медиуми. Тие за трагедијата дознале во раните утрински часови.

Луѓето велат дека нема доволно информации и не знаат што се случило со нивните роднини, пренесе БНР.

Денеска околу пладне се очекува и други роднини на повредените семејства да заминат за Софија. Очекуваат добри вести за своите најблиски.

  • Три македонски автобуси, кои беа дел од група туристи од Истанбул до Скопје, поминаа рано утринава и пред 6 часот и се вратија во Северна Македонија, соопштија претставници на граничниот премин Ѓуешево.

Пред болницата Пирогов, роднина на патниците во македонскиот автобус рече дека успеал да види четворица, а за останатите се уште чека информација од управата на болницата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста