РЕАЛ И МАНЧЕСТЕР СИТИ СО ПРЕДНОСТ ПО ПРВИТЕ СРЕДБИ ОД 1/4 ФИНАЛЕТО ОД ЛШ

Реал Мадрид и Манчестер Сити стекнаа предност по првите средби од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Кралевите со два гола на Винициус и еден на Асенсио со 3-1 славеа против Ливерпул, а ѓраѓаните со погодок на Фоден во 90-тата ја победија Борусија Дортмунд со 2-1. Реваншите на Енфилд и Сигнал Идуна паркот се следниот  вторник, а претходно, вечерва ќе ги видиме другита два први дуела од оваа рунда. Во реприза на последното финале Баерн во Минхен игра со ПСЖ, а Порто принудно во Севиља му е домаќин Челзи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста