Реакции по одлуката за воведување еколошка такса – грижа за животната средина или за буџетот?

Поскапувањето на горивата за 4 денари нема да ги натера граѓаните наместо автомобили да возат тротинети или хибридни возила, зашто до тоа нема да дојде, вели за Алфа економскиот експерт Горан Рафајловски. Тоа, според него, сериозно ќе удри по и онака истенчениот џеб на граѓаните, но и врз стопанството, кое едвај ги лечи радните силно погодено од пандемијата.

  • „Многу е добро“ сега во ова време да се донесе еколошка такса, и тоа по цена од над 4 денари за наточен литар гориво, и мислам дека сите проблеми во економијта и правото се решени, па уште такасата останаа да ја решат, така што мислам тоа е крано несериозно, а сега имаме такво неодговорно Собрание, што може ќе се изгласа в година ова време, вели во интерју за Алфа економскиот експерт Горан Рафајловски.

И додека Владата тврди дека парите од еколошката таска ќе одат во инвестирање во обновливи извори на енергија и ветерници, бизнисмените предупредуваат дека свеста ќе се подигне , кога функционерите коишто се возат во луксузни службени возила, кои на секои три години ги набавуваат преку лизинг, ќе почнат да возат.

Стопанството алармира дека штета од зголемувањето на цената на горивата ќе имаат сите индустриски гранки, а посебно граѓаните, на кои ќе им се удри врз глава.

  • Сетоа ова поскапување ќе ја подгрее инфлацијата и ќе го доосиромаши народот, кој и оната едвај преживува во ова време, време кога не може да издржи крај со крај. Сметам дека ова е крајно несериозно, зашто народот веќе не знае што да прави сам со себе, додава меѓу другото Рафајловски.

Проценките се дека во буџетот ќе влезат околу 55 милиони евра годишно. Еколошка такса е пракса во многу развиени земји, меѓутоа стравувањето е дека поскапувањето на горивата може да покрене нова спирала на посакапувања, во ситуација кога силно се чувствуваат последиците од пандемијата, и еден куп граѓани да останат без работа.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста