Пуштени во продажба билтетите за Македонија на ЕУРО

Од вчера па се до 26ти мај, до 14 часот, ќе трае аплицирањето за билет на претстојното Европско првенство во фудбал. ФФМ ќе обезбеди пристапни кодови со кои секој македонски фан, кој сака да ги следи настапите на нашата репрезентација ќе може да аплицира на веб-сајтот за влезници во УЕФА. Билетите ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен, а вкупниот број за македонски навивачи е се уште не утврден. Добра вест е тоа што за Романија ќе биде потребен само негативен ПЦР тест, кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт, а не како првично одредените 72 часа. За Амстердам засега нема детални информации, освен дека за влез на стадион ќе биде задолжителен негативен ПЦР-тест.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста