По 34 години случајот е конечно решен: Познат убиецот на поранешниот шведски премиер Палме

Истрагата за убиството на поранешниот шведски премиер Улоф Палме по 34 години конечно заврши. Државното обвинителство соопшти дека Стиг Енгстром е најверојатно убиецот, но бидејќи е мртов, случајот се затвора. Тој бил меѓу првите сведоци на убиството, но полицијата го тргнала од листата како недоверлив сведок, а во 2000 година тој извршил самоубиство. Години подоцна бил наведен како можен осомничен. Улоф Палме на кобната вечер на 28 февруари 1986 година излегол во кино во Стокхолм со својата фамилија, без обезбедување. Кога се враќале накај дома им се доближил напаѓачот и го застрелал Палме во грбот, а со друг куршим ја повредил неговата сопруга Лисбет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста