ПЛЕЈ ОФОТ ВО НБА СЕ НАБЛИЖУВА И ФАВОРИТИТЕ ГО ПОДИГААТ НИВОТО НА ИГРА

Крајот на основниот дел во НБА лигата и почетокот на плеј офот се наближуваат, и екипите кои држат добри позиции за разигругањето засилуваат, за што сведочи ноќешниот ефект на подобро пласираните. Имено во сите шест средби славеа фаворизирани, а меѓу нив беше и моменталниот лидер Јута која без проблеми славеше со 106-96 иако најефикасен во средбата во Солт Лејке беше Лугенц Дорт од Оклахома со 42 поена. Триумфи на западот забележаа и вториот Феникс со Мајами со 106-86, третите Клиперси кои го имаа расположениот Пол Џорџ со 36 коша со Индијана 126-115, па и петтите Лејкерси со Шарлот 101-93. На истокот уште два победи на оние кои, сега веќе извесно ќе продолжат во борба по титулата. Бруклин кој со 31 поена на Кевин Дурент ја совлада Минесота со 127-97 и Атланта која во најнеизвесниот меч утринава го победи Торонто со 108-103.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста