Мнозинството Унгарци не размислуваат за одмор во странство

Додека се чека Европската комисија  да ја донесе одлуката за ковид пасоши за летување годинава, повеќето унгарски државјани одморите ги планираат во земјата. Истражувањето на туристичките компании „Евергест“ и „Тарки“ покажува  дека 40 проценти планираат да останат во Унгарија ова лето. Истражувањето покажува дека околу 20 процент се подеднакво заинтересирани да  патуваат и во Унгарија и во странство, а 11 проценти размислуваат за странски дестинации. Околу 18 проценти Унгарци  рекле дека не сакаат да патуваат оваа година а околу 10 проценти незнаат. Нешто повеќе од 67 проценти рекле дека дефинитивно сакаат да го посетат езерото Балатон во 2021 година, а околу една петтина се изјасниле дека сакаат да го посетат главниот град.

Агенциите наведуваат дека годинава Будимпешта може да биде домаќин на повеќе од 1 милион домашни гости. 

Во 2020 година пак,  буџетот кои го оставаат странците во Унгарија паднал за повеќе од половина во споредба со претходната година.

Според податоците на Централниот завод за статистика, во 2019 година  странците во Унгарија потрошиле 6,3 милијарди евра кој  минатата година достигнал едвај 3,5 милијарди евра.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста