Пешак се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода во Охрид

На 16.08.2020 во 09.20 часот било пријавено дека на бул.„Македонски просветители“ во Охрид, патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од с.Батинци, скопско, удрило во пешакот В.Џ.(71) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста