Пандев сместен во идеалните 11 во серија А за 32. коло

Најдобриот македонски фудбалер во новиот век, Горан Пандев е дел од идеалните 11 за претходното 32. коло во Италијанската фудбалска Серија А во оние медиуми кои прават вакви избори. Струмичанецот во објаснувањето е прогласен за играч на мечот против СПАЛ и наречен спасителот на Џенова, а се по одличната партија на ветеранот кој во неделата даде гол за водство и потоа за победа на екипата од Луиџи Ферарис со 2-0. Пандев има 9 гола сезонава, а Џенова моментно е надвор од опасната зона.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста