ПАНДЕВ И ЏЕНОВА ДО ПОСЛЕДЕН МИГ ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА СТАТУСОТ ВО СЕРИЈА А

Горан Пандев до последен миг ќе се грижи за својот и статусот на неговата Џенова во Италијанската Прва фудбалска лига. Составот на нашиот репрезентативен капитен си ги искомпликува работите откако беше прегазен од Сауоло со 5-0, а во исто време конкурентот за 17-тото место во Калчото Лече со пресврт славеше кај Удинезе со 2-1. Во пресрет на последното коло Џенова има 38, а Лече 37 бода, па неколку комбинации се добитни за Пандев и колегите, а најсигурната е во недела попладне дома да слави со Верона. Инаку во оваа рунда во Серија А во која Македонците доживеаја комплетен неуспех, ние, интересно, имавме три стартери бидејќи покрај Пандев во почетните 11 на Удинезе синоќа беше и Илија Несторовски, а ден претходно цел меч за Наполи одигра и Елиф Елмас.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста