Оставки или протести – Стопанската комора за енергетика бара одговорност за енергетската криза

Стопанската комора за енергетика бара одговорност за енергетската криза од најповиканите во Владата и енергетските компании. Ако нема оставки најавуваат протести.

Разрешување на првите луѓе на енегетските и топлинските компании, како и дел од владините економски министри кои ја вовлекле Македонија во енергетска криза, бараат од Стопанската комора за енергетика. Ваквите реакции следуваат откако, како што велат, надлежните лошо и неправилно ја менаџирале земјава околу продлабочувањето на кризната состојба. Додаваат дека соседните земји, биле стабилизирани околу набавката и производството со струја и топлинска енергија. Ѓорѓи Манасков рече дека оваа криза најмногу се чуваствува во Македонија, за што е виновна актуелната власт.

Дел од стопанствениците побараа и да не се зголемува цената на струјата, односно да не се чепка намалениот ддв за струјата кој е веќе намален на 5%. 

Бараат за 50% да се обештетат компаниите кои претрпеле загуби, и кои се соочуваат со последици поради поскапата индустриска струја. Ако не се реализираат овие барања, од Комората најавуваат протести.

Манасков вели дека чека одговор на барањата кои Стопанската комора за енергетика ги побара од претходната Владата. Ако и од новиот премиер Димитар Ковачевски не добие позитивен одговор на барањата тој најави дека ќе се одржи најавениот масовен енергетски протест.

Стопанската комора за енергетика поднесе дваесетина барања меѓу кои укинување на ДДВ за компаниите и граѓаните, разрешување на одговорните лица кој ја доведоа Македонија во оваа енергетска криза, обесштетување на компаниите за незаконски раскинатите договори.

Енегретските експерти побараа и да биде јавно објавен договорот, односно документот за јавноста да види колку пари ќе не чини кризата со топлинската енергија со преземањето на „БЕГ“ и „Скопје Север“ кон државната „ЕСМ“.

Инаку, официјалниот документ со барањата ќе го достават до Владата веќе од наредната недела.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста