ОДБОЈКАРИТЕ ПРЕД ПАТУВАЊЕ ВО ДАНСКА НА ВТОРИОТ ТУРНИР ОД СРЕБРЕНАТА ЛИГА

Кус е периодот меѓу двата турнира од Европската сребрена одбојкарската лига, но тоа важи и за нашите противници во групата. Сите, вклучувајќи ја и Македонија се пред патување во Шлагелсе каде од петок до недела се одржува вториот турнир на кој ние влегуваме со 6 бода, домаќинот со сите 8, Израел со 3, а Кипар со еден. Редоследот на мечевите сега, за разлика од Струмица е обратен, а тоа значи Данска, Израел, па Кипар. За завршниот турнир најдобрите од Сребрената лига ќе се вратат во салата Парк во Струмица на турнир на 6 и 7 јуни.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста