НБА: ФЕНИКС ВО МОМЕНТОВ Е ДАЛЕКУ ПОКВАЛИТЕТНА ЕКИПА ОД ЛЕЈКЕРСИ

Феникс Санс уште еднаш потврди дека во моментов е далеку подобар и поквалитетен од прочуените Лејкерси. Утринава тимот од Аризона славеше во Стејплс центарот во ЛА со убедливи 108-90 иако Леброн Џејмс имаше одлична партија со 34 поена. Поубедлив утринава во НБА од ланскиот финалист беше само Мајами кој ја декласира Индијана со 125-96, а релативно чисти победи остварија и Њујорк со Детроит 105-91, Њу Орлеанс со Портланд со 111-97 иако Демиен Лилард кај поразените броеше до 39, па и Далас која без Лука Дончиќ славеше со Минесота со 114-102.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста