Наполитанки Кит Кат повлечени од хрватскиот пазар
Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле кит кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.
Се повлекува исклучиво „Несле кит кат мини“ 200 грама во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува „Дневник.хр“.
Производител е nestle Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е nestle adriatic д.о.о. од Загреб.