Како до поквалификуван кадар – Македонија бара решение, дуалниот систем ќе се проширува, бизнисот алармира дека фалат работници

Бизнисот се соочува со недостиг од стручен кадар, а надлежните допрва ќе разработувале стратегија за отворање на дополнителен број на дуални паралелки во средните стручни училишта. Дека состојбата е загрижувачка потвруваат и стопанствениците. Според нив, дури 63 % од компаниите имаат потреба од стручен кадар. Па така, поради недостатокот на стручен кадар трпат компаниите, но и целата економија, а капак на се е пандемијата која создава дополнителни проблеми.

  • Придобивките се многу големи од целата оваа кампања. Прво, што ќе се креира една релевантна уписна политика којашто ќе ги следи потребите на компаниите на локално и на регионално ниво, затоа што веќе имаме 80% од невработените кои што се долгорочно невработени токму заради недостатокот на вештини и несоодветноста на она што се бара на пазарот на труд. Потоа, имаме процес на модернизирање на стручното образование токму поради тоа што преку ваков дијалог ќе се креираат определени квалификации, нови атрактивни квалификации релевантни на сегашноста, а тоа ќе претставува можност учениците повеќе да се запиѓуваат во средните стручни училишта, истакна Јаневска.

Според неа, следна е реализацијата на практичната обука која е многу важна за компаниите, бидејќи тие се свесви дека сами мораат да го обликуваат стручниот кадар којшто подоцна ќе можат да го вработуваат.

  • И најважно е зајакнувањето на социјалниот дијалог кој што треба да продолжи и понатаму, каде што компаниите, реалниот сектор ги искажува своите потреби, но образовните институции се отворени за таа поддршка да им помогнат во реализирањето на нивните потреби. Тоа им овозможува на компаниите веќе да ги предвидуваат своите идни вработувања затоа што на тој начин тие знаат дека веќе имаат способен кадар кои ќе можат веднаш да го вработуваат, рече таа.

Дека на македонската економија итно и е потребен стручен кадар алармира и советот на странски инвеститори. Препорачува во иднина да се инвестира во соодветно образование, со цел младите луѓе да се здобијат со стручни вештини за потребите на фирмите. Од Технолошко индустриските развојни зони велат дека работат на овој проблем.

  • Започнавме со посебни истражувања и анализи. Веќе преговараме и воведуваме дел од мерките коишто беа предвидени за поттикнувње за раст на платите кај странските инвеститори. Планирано е МОН да биде вјклучена активно во една посебна програма за развој на вештини која што е превидена да биде наменета за лучето кои што се веќе ангажирани во самите компании. Ова на крајот на денот треба да донесе не само зајакнати вештини, поголема продуктивност, туку треба да резултира и со раст на платите. Дуалното образование треба да донесе и поквалитетни работници и кадар којшто ќе биде ангажиран во компаниите. Неодамна објавивнме дека над седум и пол илјади работни места се и ќе бидат на располагање наредниот период во компаниите кои работат во технолошко индустриските развојни зони, рече директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Надлежните се правдааат дека се правеле сериозни промени во образовниот систем. Дури 85% од компаниите биле подготвени да ги отворат вратите за пракса на учениците.

Од Општина Илинден, каде се сместени голем број од фирмите, сметаат дека за подигнување на нормите, вредностите, квалитетот на образованието, потребна е взаемна соработка меѓу институациите, бизнис секторот и локалната самоуправа.

  • Општина Илинден е вклучена во овој процес со потпишување на меморандуми во средното образование со повеќе компании во нашата Општина, каде што меѓусебните обврски се во делот на практичната настава, односно учениците од нашето Средното техничко училиште одат на практична настава кај компаниите, а исто така менаџерскиот тим од компаниите доаѓаат во училиштето каде што директно врши предавање и обуки на учениците, рече градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Надлежните очекуваат дуалното образование – клучот за намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот да почне да се применува од следната учебна година. Учениците два дена во неделата да посетуваат настава, а останатите три да имаат пракса во фирмите.   

На консултативната средба со претставници од компаниите и локалната самоуправа, фокусот беше ставен дека со зголемување на средните стручни училишта, образованието ќе почне да го генерира потребниот стручен кадар за работа – главен проблем со кој компаниите се соочуваат долго време.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста