МЗТ СКОПЈЕ ПРОТИВ ТФТ (19.30) ВО ЗАОСТАНАТ ДУЕЛ ОД ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

И кошаркарите на МЗТ Скопје им се враќаат на домашните обврски односно на мечевите од Македонската Прва лига. Аеродормци кои имаа лош настап на вториот турнир од АБА 2 од 19.30 дома се среќаваат со ТФТ, кој да биде најинтересно е меѓу водечките во нашата конкуренција, за разлика од МЗТ Скопје кој во шест дуели обезбеди само три победи и во моментов е дури на десеттото место на табелата. Инаку вчера исто во претходно одложувани средби: Гостивар победи кај Пелистер 115-111, Еуронкел кај Црн Дрим со 79-72, а Кожув дома со втората екипа на МЗТ Скопје со 100-79.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста