МЛАДАТА ФУДБАЛСКА СЕЛЕКЦИЈА НА КРАЈОТ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП ВО МОМЕНТОВ ИГРА СО ЦРНА ГОРА

Денеска започнува последниот циклус репрезенативни натпревари за оваа година кој опфаќа настапи и на младата и на сениорската селекција на Македонија. Од пред час и половина таа до 21 година во Скопје игра со Црна Гора во обид во последното 10-то коло во групата 6 од квалификациите за Европското првенство да го зачува второто место. На Европското нема да одиме сигурно затоа што и да славиме денеска нема да имаме доволно бодови за да бидеме меѓу првите пет второпласирани кои ќе се најдат на завршницата во Унгарија и Словенија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста