Ветото од Бугарија извесно, колку сега вреди референдумот за името?

Власта свесно по Преспанскиот договор нереално проблемот со Грција го претстави како единствен на патот кон ЕУ и ги втирна граѓаните во референдумски процес. Притоа отворените прашања со Бугарија ги стави комплетно во втор план.иако времето покажа дека во проблемите со источниот сосед се крие ново условување. Вака дел од аналитичарите и универзитетски професори гледаат на работата на владата во односите со соседите и фактот дека и по решавањето на спорот за името се соочуваме со блокада. Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики истакнува дека владата во отсуство на визија за она што може да се случува во иднина, но и свесно водеше политика дека решавањето на спорот со Грција ширум ни ги отвара вратите кон Брисел.

“Во таа кампања да се излезе да се гласа на референдумот видовме апсолутни невистини. Имавме билборди дека членството во еу носи бесплатно здравство за граѓаните на Република Македонија. намеерно лажење на граѓаните за да излезат на референдум. Не е ниту Бугарија единствената која во иднина може да има барања кои се далеку од нормалните околности и владеење на правото”, вели Даскаловски.

Според него времето покажа дека се работи за лажен референдум. Имајќи ги предвид ставовите на мнозинството граѓани тој истакнува дека неумесно било формулирано референдумското прашање. Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?

“Тој референдум беше лажен. Имаше две прашања во едно. Нормално дека сите граѓани се за евроинтеграција, но убедливо мнозинство се против промена на името или против идентитетски промени како во случајот со Бугарија”, вели Даскаловски.

На двегодишнината од преспанскиот договор премиерот Заев на неговиот фејсбук напиша “Вредеше затоа што преспанскиот договор не донесе чекор поблиску до европската унија и конечно ги отворивме вратите за нашата еу интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство во ЕУ”. Сепак реалноста е дека сме пред Бугарско вето за кое и премиерот смета дека е извесно.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста