Mицкоски: Oставка на Заев, слобода на народот – масовен натпартиски протест за одбрана на идентитетот

Оставка на Заев, слобода на народот, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот  протест пред Владата. Пред присутните граѓани, Мицкоски предупреди дека има работи кои се свети и за кои не се преговара. Му се обрати и на неопределениот народ, но и на сите малцинства кои живеат во Македонија. Рече дека сега мора да се реагира, за да не биде предоцна. Бара Заев да си оди, и да поднесе оставка од функцијата премиер.

  • Сакам да го започнам ова мое обраќање со реченицата:Оставка на Заев, слобода на народот! Оставка на Заев, слобода на народот. Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум. Затоа постојат државите, тоа не прави посебни и тоа е дел од нашиот идентитет. Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме ДОСТА Е! Време е Македонците повторно да се борат и да се изборат за својте правдини, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата.
  • Време е да ја кренеме главата и да се изборат Македонците за своите правдини. Ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвето негово, вели Мицкоски.

Мицкоски рече дека сакаат добри односи со соседите, но не со свиткана кичма.

  • Заев јавно под итно да се извини, за навредите кон македонските граѓани, предци и херои“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги наброја имињата на сите херои на чии коски газел Заев со додворувањето во Бугарија. Вели дека ова е протест кој е надпартиски и како поединци не можеме ништо, но заедно можеме многу, рече Мицкоски.
  • Заев не е Македонија. Морате сега да бидете погласни и да се спротивставите, му порача Мицкоски на членството на СДСМ.

Заев немаш право да ја продаваш Македонија, порача низ солзи професорката Елка Јачева Улчар.

  • Македонскиот јазик како и секој друг јазик не застанува со своето простирањето на државните граници. Вие му го скастривте тоа простирање Зоране Заев и тргнавте наспроти она за што пееше нашиот најголем македонски учител, Блаже Конески, дека јазикот е нашата единствена татковина. Затоа, Зоране Заев секој обид од политиката да го модификува јазикот според своите потреби е осуден на пропаст. Оние што ве гласале, ве гласале за да донесете правда во Македонија, да го прекинете грабежот од устите на овој питом народ и да му ја зачувате Македонија оти за неа и родителите, и од учителите и сите политичари до тене учевме – дека Македонија е се што имаме, рече Улчар.

Порачувајќи дека во народот е силата, од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека веќе од утре ќе организираат протести во Куманово, Тетово, Охрид, Кавадарци, Битола и Прилеп.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста