МЕТАЛУРГ ВЕЧЕРВА (20.45) ГОСТУВА КАЈ ТУЛУЗ ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД ЕВРОПСКАТА РАКОМЕТНА ЛИГА

Ракометарите на Металург денеска ги отвораат натпреварите во групната фаза од Европската лига до која тие стасаа преку две квалификациски рунди.

Тоа претпоставува гостување кај Тулуз, кај реномиран и без дилема, силен противник кој своето место во А групата и во овој дел го обезбеди со пласманот во минатиот Француски ракометен шампионат.

Освен квалитетот на противникот за дуелот што вечерва започнува во 20.45 проблем за сините од Автокоманда е и отсуството на Мартин Серафимов кому пред два дена му беше констатирана корона, па тој е во изолација, а Металург со намалена ротација.

Инаку иако денеска требаше да настапи и нашиот втор претставник во Европската лига, Еурофарм Пелистер, БИТОЛЧАНИ, принудно паузираат затоа што кај противникот Татабања има дури 15 заболени од КОВИД.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста