Малолетничка удрена со автомобил додека се возела со велосипед

На 01.10.2020 во 22.20 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било донесенa малолетничка од Скопје со тешки телесни повреди. Според пријавеното, околу 19.00 часот, додека се возела со велосипед на ул.„Шуто Оризари“, била удрена од патнично возило, по што возачот ја однел во нејзиниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста