Лозарите го празнуваат „Свети Трифун“, ги закроија лозите со надеж дека годинава ќе биде бериќетна

Со закројување на лозите и годинава традиционално почна празнувањето на Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Но овој во време на пандемија и под посебни протоколи.

Традиционално на овој Православен празник,  лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Свети Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме. Производителите на вино очекуваат бериќетна година, со надеж минатата лоша година никогаш повеќе да не се повтори.

  • Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Во некои краишта на Македонија, како Охрид и Прилеп, овој празник е познат и како Св. Трифун-пијаницата. Нашата винарија „Сковин“ ги закрои лозјата во чест на овој светец. ја направивме традицијата. Очекуваме оваа година да биде добра, бериќетна, исто така да може самите лозари да бидат претпазливи во делот на квалитетот што треба за производство на грозјето, вели Александар Тренчевски, генерален директор на „Сковин“.

Пандемијата дополнително му наштети и на извозот на вино. Само минатата година винарниците имаат пад од 60%, што дополнително и наштетил на целата индустрија. 

Лозарите се надеваат на плодна година и покрај тоа што не очекуваат родот да биде на посакуваното ниво, како последица од пандемијата.

  • Лозарството, е стратешка гранка за нашата држава. Мора заеднички со дијалог и со лозарите и со откупувачите, односно со винарските визби, да придонесеме за да биде лозарството одржливо, развојно и приоритетно за сите нас, вели Венера Гелебешева, главен енолог во „Сковин“.

Пандемијата сериозно удри врз винската инддустрија во Македонија, која со години се бори за засилен пробив на странските пазари. Она што е клучен предизвик за производителите е извозот, но не само на наливно, туку и на флаширано вино. Колкави се капацитетите покажува примерот со Сковин, кој пред една година доби ниови инвеститори од Сингапур.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста