ЛЕЈКЕРС ГО ДОБИ ДАЛАС, КЛИПЕРС ГО УРНА ДЕНВЕР, НО ОСТАНА БЕЗ ЛЕНАРД


Изминатата ноќ се одиграа пет натпревари во божиќната НБА програма. Актуелниот првак ЛА Лејкерс поразот од Клиперс го преболе со триумф над Далас 138-115. Ол-стар тандемот искомбинира 50 поени, Дејвис 28 со 8 асистенции, а Џејмс дабл-дабл од 22 коша и 10 успешни додавања. Кај „Маверикс“, Дончиќ се истакна со 27 поени. Лос Анџелес Клиперс доби уште еден фаворит за титулата Денвер (121-108). Мечот го одбележа страшната повреда на Кавај Ленард. Тој доби силен лакт во вилицата од својот соиграч Серж Ибака, по кој мораше да го напушти паркетот. Втор триумф запиша и Бруклин, сега над Бостон 123-99. Ирвинг беше немилосрден кон својата поранешна екипа со 37 поени, потпомогнат од Дурант со 29. Милвоки му нанесе нов пораз на Голден Стејт 138-99, а Мајами лесно го мина Њу Орлеанс со 111-98.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста