Критично во болниците – предупредување за дневна бројка од над 1.000 заразени

Ковид состојбата во земјава од ден на ден се по алармантна. Кривата на заразени “блеска” во црвено, ковид центрите во главниот град преполни, модуларната болница на Инфективно во секој момент е подготвена да ги прими првите пацинети.

И на инфективните одделенија ширум земјава се бара и кревет, ама и лекар повеќе. Од здравствените установи од внатрешноста, најзагрижувачка е ситуацијата со струмичката болница. Директорот Наќе Гогов за Алфа алармира дека и хируршките одделенија се полни со пациенти заразени со коронавирусот. Меѓудругото, бара лекари и сестри на испомош.

“Персоналот е во мал број. Имаме персонал кој што е позитивен и се изолирани.А се снаоѓаме како со сестри од други одделенија за да може да се задоволи бројот кој што ќе одговорат на потребите на пацинетите.Во моментов имаме хоспитализирано 33 пацинети.Имавме тројца инфектолози, ама сега сме само со двајца.” – изјави директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Во следниве месеци Македонија ја очекува уште полошо ковид сценарио со дури илјада заразени дневно, алармира  првиот човек на Комисијата за заразни болести д-р Караџовски.

“Можеме да очекуваме само влошување на состојбата. Се предвидуваат 500-600, но и до 1.000 заболени дневно. Непочитувањето ќе нѐ одведе до огромен број заболени и преполнување на болничките капацитети. Не можеме да измислуваме нови инфектолози, епидемиолози, треба 5-6 години за да се постигне тоа.” – рече Караџовски.

И во останатите градови, проблемите не се поразлични. Во Битола на инфективна критично, од хоспитализираните пацинети најголем дел се во тешка состојба. Слична е состојбата и во Прилеп,Штип  Велес и Куманово.

Планот на здравствените власти до октомври во 16 општини низ земјава да има регионални привремени „ковид-центри“ пропадна, а засега постапката за изградба не е ниту започната.

Инаку, од денеска во битката против Ковид19, се вклучуваат и студентите од шеста година по општа медицина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста