ИГРАТА ЌЕ ЈА ЗАБОРАВИМЕ, ПОБЕДИТЕ СЕ ПАМЕТАТ

Долго во ноќта македонските фудбалери го славеа големиот триумф против Косово од 2-1. Огромна доза на еуфорија, емоции и страст како да сме на Европско, иако за овој генерациски сон сега не дели само еден чекор. Играта брзо ќе ја заборавиме, не бевме на посакуваното ниво, но некогаш и среќата треба да се заслужи. Ударот на Стефан Ристовски во 16. минута благодарение на Кололи заврши во мрежата на противникот. Во 29.тата недоразбирањето на Велковски и истрчаниот Димитриевски, гостинот го искористи за 1-1, а само четири минути подоцна, Велковски на нафрлена топка од Барди одговори со деби погодок во Националниот дрес за конечни 2-1. До крајот не искористивме неколку чисти позиции, но треба да бидеме задоволни што Димитриевски со двојна одбрана во последните мигови ја сочува предноста, која не носи во финале против Грузија во Тбилиси на 12 ноември. Победникот од овој меч ќе игра на ЕП наредното година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста